Ограбена најконтроверзната двојка, однесени работи во вредност од 400 илјади евра

Домот на Мауро Икарди и Ванда Нара е ограбен во саботата вечер, додека фудбалерот со ПСЖ беше на гостување кај Лориен.

Од куќата во Нули сур Сен се украдени часовници, накит и дизајнерска облека во вредност од околу 400 илјади евра. Дека имале грабеж, сфатиле луѓето кои работат на одржување на куќата кога во неделата наутро дошле на работа.

Од првите извештаи на полицијата може да се заклучи дека ограбувачите влегле од прозор.