Официјално: Војдан Стојановски си замина од По Ортез, но се сели во друг француски клуб!

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, си пронајде нов клуб и ќе остане во француското првенство.

Откако истече договорот на Стојановски со По Ортез кој беше со важност од еден и пол месец, репрезентативниот капитен веднаш си пронајде нов клуб и останува во Франција, каде ќе го носи дресот на Гравелин Данкерк, кој во моментов е на 16. место на табелата во францускиот шампионат.

Новиот клуб го претстави Војдан Стојановски, кој во француското првенство остави одличен впечаток играјќи за По Ортез каде забележуваше по 15,3 поени и 3,5 асистенции во просек по натпревар, со 58% успешна реализација за три поени.

Со оглед на тоа дека По Ортез не му го продолжи договорот, тој експресно се договори со Гравелин каде ќе настапува до крајот на сезоната.

Инаку, Стојановски имаше долга пауза, но брзо успеа да се врати во ритам, а минатото коло беше прогласен за МВП во францускиот шампионат.