Официјално „шут-карта“ за Олимпијакос од грчкото првенство

Претходните најави од Грција се остварија, Олимпијакос од денеска и официјално е исфрлен од грчката кошаркарска лига.

Поради тоа што тимот од Пиреа одби да настапи во 1/4 финалето од грчкиот плеј оф против „детелинките“ или Панатинаикос, по брза постапка се исфрлени од првата кошаркарска лига.

Ситуацијата дојде до овде пред се поради несогласувањето на Олимпијакос на дербито против Панатинаикос да судат судии од Грција, затоа што црвено-белите бараа меѓународна арбитража против вечниот ривал.

Откако тоа барање не им беше одобрено, тие одбија да бидат дел од плеј-оф натпреварите со ПАО, па сега се исфрлени од лигата.

Останува само да се види дали оваа одлука на грчката федерација, ќе влијае на тоа Олимпијакос да се пресели и да игра во АБА првенството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црвена Звезда го победи Партизан за 2:1 – „црвено-белите“ на чекор од титула

Томпсон на долга рехабилитација – што сега со неговиот договор во Голден Стејт?

Зад новиот НБА шампион стои Македонец

МВП на финалето од НБА со тажна животна приказна

Торонто испиша историја – нов НБА шампион

Титулата се врати во Аеродром: МЗТ му удри „метла“ на Работнички за седми трофеј во историјата

Баркли посочи со прст кон виновникот за повредата на Кеј-Ди

ВИДЕО: Драмата во Пионир резултираше со тројка на Партизан: Раде Загорац како Кецман!

Нено Димитријевиќ сепак се повлече од НБА драфтот во кој требаше да учествува