Официјално најавен новиот Fiat 500e

Иако и претходно се знаеше, сега и официјално е потврдено дека потполно новиот i Fiat 500e ќе биде изграден околу нова и сопствена платформа

Италијанската фабрика работи на развој на наменската BEV (Battery Electric Vehicle) платформа што ќе ја користи новиот  500e.

По заминувањето на Маркјоне (Marchionne) кој почина годинава по тешка болест, а кој потсетуваме беше отворен противник на електрификацијата на возилата, компанијата го менува својот курс.

Според изјавите на Пиетро Горлие (Pietro Gorlier) првиот оперативец на EMEA, се предвидува голема инвестиција  (повеќе од пет милијарди евра само во Италија) што ќе бидат насочени кон развојот на на хибридните и на електричните технологии за погон на возилата.

Главната конкретна вест е дека Fiat ќе развие наменска платформа за мали возила како што е идната генерација на 500e.

Новата генерација на електричниот Лилипутанец од Торино нема да биде само наследник на актуелниот електричен 500e што, покрај големите загуби, се продава на пазарот во САД, туку би требало да стаса и на многу поголем број на пазари ширум светот, помеѓу кои, конечно е вклучена и Европа.

Новиот Fiat 500e нема да претставува само конверзија на класичниот модел со мотор на внатрешно согорување, туку од темел, потполно ново, развиено возило. исто така, за разлика од актуелната изведба на електричниот Fiat 500e што се произведува во фабриките на концернот FCA лоцирани во Мексико ќе се произведува во Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ФОТО) Најубавата македонска кошаркарка се разголи на плажа – го покажа и своето момче

(ФОТО) Перверзни папараци: Уловен секси задникот на убавата девојка на фудбалерот

(ФОТО) Најпровокативна фотка за денот на вљубените во изведба на фудбалерот на Јуве

Руни во нова авантура – го фатија жив со шанкерка на Флорида

(ВИДЕО) СКАНДАЛ во Сплит: Нападнати ватерполисти на Црвена Звезда – скокнале во море за да се спасат

(ВИДЕО) Лојалноста е мртва: Родри му се одмазди на Рајан Гигс преку реклама за обложувалница

Мајка му на Роналдо растури: Што барала со него в соба, да играат карти?

Мавровски Меморијал 56 пат по ред на падините на Бистра

Скандалот се шири, Карлеуша најавува тужби, а во меѓувреме се појавија и нови пораки