Одржувањето на Олимписките игри во Токио повторно неизвесно

Повеќе од 80 проценти од луѓето во Јапонија во последните неколку дена изјавија дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани или повторно одложени.

Анкетите беа спроведени од јапонската новински агенција Кјодо и ТБС (Токио радиодифузен систем).

Резултатите од овие анкети се лоши вести за организаторите и Меѓународниот олимписки комитет, кои сепак веруваат дека одложените Олимписки игри ќе започнат на 23 јули.

Токио се бори со се поголемиот број случаи со коронавируси кои ја натераа владата да прогласи вонредна состојба минатата недела. Но тогаш премиерот на Јапонија, Јошихиде Суга, изјави дека е убеден дека Игрите ќе се одржат.

Јапонија го контролираше вирусот релативно добро, но зголемувањето на случаите го зголеми скептицизмот во врска со потребата од Олимпијада и опасноста од потенцијално доведување на 15.000 олимписки и параолимписки спортисти во земјата, заедно со десетици илјади официјални лица, тренери, судии, спонзори, медиуми и радиодифузери.

Јапонија запиша околу 3800 смртни случаи на коронавирусот во земја со 126 милиони жители.

Анкета на ТБС беше со прашање дали може да се одржат Олимписките игри. Во телефонска анкета во која учествувале 1.261 лице, 81 процент од нив одговориле „не“, додека само 13 проценти одговориле „да“. Одговорите со „не“ се зголемија за 18 процентни поени во споредба со слична анкета во декември.

Во анкетата на Кјодо, 80,1 процент од анкетираните во телефонската анкета рекле дека Олимписките игри треба да бидат откажани или повторно одложени. На истото прашање во декември, 63 проценти од испитаниците беа за откажување или одложување на Игрите.