Одржан семинарот за лиценцирање на судии и тренери

Во Студентскиот дом „Орде Чопела“ се одржа Семинар за лиценцирање на судии и тренери за натпреварувачката 2021 година.

Семинарот беше во организација на Комисијата за едукација и лиценцирање на џудо тренери и Џудо федерацијата, а во техничка организација на Џудо клубот Сеишин од Прилеп. На семинарот учество земаа постојни џудо тренери и судии.