Одредени шеширите за ЛШ, Вардар избегна судир со ПСЖ и Раул, Еурофарм е во четвртиот шешир

ЕХФ денеска ги одреди шеширите во пресрет на ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, а според тоа Вардар се најде во првиот шешир и ќе биде носител на една од групите во следната сезона.

Европскиот, македонскиот и регионален шампион избегна дуел со ПСЖ на Раул Гонзалез кој исто така се најде во првиот шешир, така што овие две екипи ќе бидат носители на групата А и Б.

Во вториот шешир од елитниот дел се најдоа Веспрем и Барселона, следуваат Кјелце и Флензбург, потоа Алборг и Мешков Брест, Мотор Запорожје и ПИК Сегед, ППД Загреб и Монпеље, Порто и Елверум и во осмиот шешир се најдоа Целје и Кил.

Кога станува збор за групите Ц и Д, Еурофарм Работник се најде во четвртиот шешир и од таму ќе ги чека своите противници. Битолскиот тим нема да може да се соочи со Кристијанштад кој исто така е во четвртиот шешир.

Ждрепката е полудиригирана, па така тимови од исти земји нема да може да играат во иста група, поради што Монпелје сигурно ќе биде во група со Вардар, додека сигурен противник на Еурофарм Работник ќе биде шведски Савехов.

Ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите е закажана за в четврток од 18:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец

Голема трагедија во Полска: Ракометарка од Русија се удави во езеро

Конечно: Ракометарите на плажа на последниот меч до прва победа

Голот на Металург ќе го брани екс чуварот на Вардар