Одредени двете полуфиналиња во ракометниот Куп на Македонија

Денеска беа извлечени двојките за полуфиналните пресметки од Купот на Македонија во ракомет.

Во полуфиналето е избегнат голем дуел, односно Вардар и Еурофарм Пелистер на посебна страна ќе војуваат за финалето.

Вардар ќе удри на Металург во битка за големото финале, додека во другото полуфинале ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и РК Бутел.

Полуфиналните пресметки се закажани за 14-ти мај, додека финалето ќе се игра два дена подоцна.