Одлуката на Ролан Гарос нема да им се допадне на Серена и Новак

Неколку недели пред почетокот на УС ОПЕН, тенисерите и тенисерките се побунија поради одлуката да бидат сместени во хотел, наместо по луксузни куќи и вили самостојно.

Откако во Америка се створи притисок, управата на оваа организација попушти и им даде право да бидат во самостоен престој по куќи, а не по претходно планираниот протокол.

Но сепак, на Ролан Гарос годинава нема да биде тоа дозволено, и напротив, строго забрането, кој ќе сака да се пријави да игра на овој турнир, ќе мора да биде сместен во хотел.

На тенисерите нема да им биде дозволено да го напуштат хотелот доколку не одат на натпреварите на турнирот“, е ставено јасно до знаење.

Ролан Гарос ќе се игра од 21 септември до 11 октомври, а ваквата одлука сигурно нема да им се допадне на оние кои беа најгласни за ваквото сместување во хотел и претходно, Серена и Новак Ѓоковиќ.