Одлучено е: Што и да се случи, Вимблдон 2021 ќе се игра

Првпат по 1945 година, оваа сезона не се одржа најпопуларниот Гренд слем во светот на тенисот – Вимблдон.

Причината е јасна: пандемијата со корона вирусот која предизвика суспензија на сезоната што траеше околу пет месеци. Идната година тоа нема да биде случај бидејќи организаторите веќе одлучија дека Вимблдон ќе се игра.

Се бара само начинот на кој ќе се оствари тоа, а засега има три можни сценарија кои се разгледуваат: со полни трибини, со намален капацитет или целосно зад затворени врати. Се зависи од мерките кои Владата на Велика Британија ќе ги пропише во тој период, но и од ситуацијата со корона вирусот.