Одговор на сите прашања, еве зошто Меси никако не можеше да остане во Барса

Лионел Меси денеска се прости од својата Барселона. Сепак, едно од прашањата и дилемите на навивачите е зошто Меси ако толку сакал да остане во Барселона, не прифател некоја симболична плата, барем за првата сезона, а потоа сето тоа да го надомести, кога веќе толку сакал да остане во клубот.

Се појавија секакви „предлози“ од навивачите, меѓутоа, реалноста е сосема поинаква, а и тој и Лапорта истакнаа дека било направено се што можело да се направи за Аргентинецот да остане. Но, тоа не било доволно.

Одговорот на ова прашање лежи во одговорот дека според шпанскиот закон, секој нов договор за работен однос може да се намали за максимум 50 проценти од претходниот договор, онолку колку што понудил и самиот Меси да се намали неговата плата. Целта на овој закон е да се изегнат потенцијални финансиски малверзации и перење на пари, па поради тоа е невозможно Меси да игра за „едно евро“ цела сезона, па следната сезона да наплати „двојно“.

Во превод, договорот кој Барса и Меси го договориле бил минималецот кој клубот можел да му го понуди според закон, а со истиот клубот би бил на прагот на банкрот.

Проблемот би бил во тоа што Барса со овој договор би дошла на абнормални 110 проценти трошоци од буџетот само за плати, а лимитот во Ла Лига е 70 проценти. Во моментов, без новиот договор на Меси, кој не можеше да биде потпишан од наведените причини, Барса е на 95 проценти трошоци кои одат на примања и проблемот ни вака никако не е решен за клубот.

Ова значи дека било легално невозможно за Барса да го регистрира Меси и тоа е поради огромните договори на останатите играчи.

Жозеп Марија Бартомеу им даде исклучително големи и богати договори на голем број играчи, им даде моќ да го контролираат клубот, а Лапорта не можеше да се ослободи од нив туку така, бидејќи се заштитени од договори и во случај на едностран раскин, клубот ќе мораше да ги исплати сите пари кои им следуваат според договорот, а би можел да се соочи и со тужби.