Одбраната е приоритет: Манчестер Јунајтед тргнува по стопер од 50.000.000 евра

Јунајтед изминатата сезона имаше големи проблеми со стоперите и одбраната генерално, така што ова лето Солскјер ќе ја засилува дефанзивата. Според „Скај“, Иса Диоп од Вест Хем е мета на Јунајтед кој е расположен да плати 50.000.000 евра плус уште еден играч за дефанзивецот на „Чеканите“.

Сепак, тоа нема да оди нималку лесно за Манчестер бидејќи Вест Хем тврди дека Диоп не е на продажба и се верува дека нема да сослуша понуда под 67.000.000 евра.

Диоп одигра 38 натпревари минатата сезона за Вест Хем, а „Чеканите“ овој играч го доведоа минатата година од Тулуз за 25.000.000 евра.

Секако, наоѓање стопер е главна цел ова лето, но тоа ќе биде тешка работа за „Ѓаволите“. Две имиња кои досега се спомнуваа за Манчестер Јунајтед беа Калиду Кулибали и Хари Мегваер. Но, тоа се скапи опции за Јунајтед. Кулибали наводно чини 112.000.000 евра, а Мегваер 90.000.000.

Покрај стоперските позиции, Јунајтед бара да доведе и десен бек, а на таа позиција главна желба е Арон Ван Бисака, но првата понуда на Манчестер е одбиена.

Манчестер веќе го доведе Даниел Џејмс од Свонси за 17.000.000 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се е јасно: Кутињо со својот последен потег потврди дека си заминува од Барселона

ПСЖ си донесе ново засилување – од Борусија Дортмунд

Шкендија шокирана и елиминирана во 91 минута во Скопје: Номе Калју во следната фаза

Агентот на Бејл се огласи за можниот трансфер или позајмица

ВИДЕО: Игуаин и Роналдо на тренинзите, како желка и зајак

Мурињо се шегува со Конмебол: И Роналдо може пред Меси да ја освои Копа Америка

Има и такви фудбалери: Ја одби Барселона за да остане во Манчестер Јунајтед

Екс фудбалерот на Арсенал: Не знаев што правам при трансферот во Барселона

Во Тотенхем, Покетино го претстави Покетино!