Одбојкарската репрезентација со убедлив триумф ги почна квалификациите

Македонските одбојкари остварија тешка победа над Босна и Херцеговина со 3:1 (27:25, 25:21, 3:25, 25:19) на почетокот на квалификацискиот турнир за настап на Европското првенство во септември годинава.

Гостите влегоа подообро во натпреварот, црвено-жолтите го немаа вистинскиот ритам, ниту пак енергијата од натпреварите со Белорусија и со Словенија од претходниот континентален самит, па во првиот сет противникот имаше предност од 15:8. И покрај тоа не успеа да искористи три сет-топки.

Проектилите на Александар Љафтов, Никола Ѓорѓиев и Владо Милев стапија на сцена, па откако селекторот Никола Матијашевиќ го промени техничарот Филип Деспотовски со Ѓорѓи Ѓорѓиев, македонскиот состав го спаси првиот сет и одигра полесно во вториот за предност од 2:0.

Босна и Херцеговина го имаше расположениот Ади Османовиќ со 22 поена и беше рамноправна во асовите и во блоковите, па заслужено го освои третиот сет. Потоа, македонските играчи имаа речиси непогрешлив напад, го контрилираа резултатот и освоија плаинари три бода пред натпреварот со Турција в среда.

Утре, Босна и Херцеговина ќе игра со Турција која е фаворит за првото место во групата, а со тоа и за пласман на претстојниот евросамит. Ние играме против Турција на 13 јануари.