Одбојкарите со оптимизам пристигнаа во Романија – веруваат во победа на Македонија

Билетот за Будимпешта се продава во Галаци. Со утрешна победа над Романија, македонските одбојкари авторитативно ќе им порачаат на конкурентите во групата „А“ од Европската сребрена лига дека и во седмото учество во континенталното натпреварување местото на црвено-жолтите е во полуфиналето,односно учество на завршниот турнир.

Но оваа сезона е поразлична од претходните, особено од ланската, затоа што националниот тим има поинаков озглед, со тројца помлади играчи во ротација, а тие поддржани од посикусните, јасовладаа Босна и Херцеговина во средата во Скопје, одиграа два убедливи сета и што е поважно, го издржаа притисокот во третиот кога ривалот беше резултатски рамноправен. Сепак, секој натпревар е поинаква епизода, па Романците ќе бидат посериозен, веројатно вистински тест за нашиот целосен капацитет.

„Ме радува тоа што ја издржавме годинашната премиера иако знаевме дека се е во наши раце и дека двајца стандардни играчи со идентични работни обврски на теренот воопшто не се во составот и не можат да ни помогнат доколку има потреба за тоа. Можеби имаше мала нервоза, но тоа е во дозволени рамки, така што сега мислам дека ќе ни биде полесно од психолошки аспект без разлика што противникот е поквалитетен и игра на домашен терен“,вели примачот на македонската репрезентација Стојан Илиев.

За силата на Романците нема никаква дилема. Нее претерано ако се заклучи дека тие се главни фаворити во групата, особено штово првото коло ја совладаа Албанија во Тирана, имаа повеќе време за подготовказа пресметката со нас, им скратија еден тренинг на македонските одбојкари соодлуката да го презакажат дуелот три часа порано од првичниот термин, а може дасе пофалат и со биланс 3-1 во досегашните соочувања со Македонија..

„Добро ги познавам сите романскирепрезентативци. Треба да го запреме коректорот Матеј, како и офанзивниотпримач Ачобаницеи. Да го одржиме нашиот прием стабилен и мислам дека ќе можемеда играме рамноправно со нив“, изјави Филип Деспотовски, кој во роамското првенство мина осум сезони, од коишто три во Галаци каде што беше капитен на екипата.

Да градиме игра на повисоко ниво, во таа височина да бидеме постојани, да добиваме повеќе одбојкари во ротација. Засега тоа се проектираните цели, никој не се занимава со медали, ги имаме повеќе отколку Романците, Европската сребрена лига за нас не е среќна иако е трофејна, но таа е наш простор, ние сме староседелци и не доликува да одиме на терен без верба дека ќе победиме.

Макар и против Романија на чијашто почва досега не се радувавме во две гостувања. „Трета среќа“ е стара фраза, но понекогаш станува реалност. Можеби утре во Галаци, од 13 часот според македонско време.