Одбојкарите на Македонија гостуваат кај Австрија

209

Во забрзан ритам одбојкарската репрезентација на Македонија ги игра натпреварите од групата А од Сребрената Европска лига. По неделниот пораз од Австрија во Скопје, нашите одбојкари вечерва гостуваат кај истиот ривал.

За Македонија натпреварот треба да послужи само како воигрување, пред се на повредените Ѓорѓи Ѓорѓиев и Алекснадар Љафтов, кои поради операции имаа пауза од околу еден месец.

Австрија важи за фаворит, особено ако се знае дека оваа репрезентација со победа ќе ги зголеми шансите за настап на завршниот турнир што ќе се игра во Скопје на 15 и 16.јуни.

Македонија како домаќин е сигурен учесник на Ф4 турнирот.

Неизвесен е денеска и настапот на капитенот Никола Ѓорѓиев, кој на последниот натпревар го повреди палецот на десната рака.

Во вториот натпревар од групата А денеска играат Косово и Летонија. Во Б групата се играат истотака дуелите од 4.коло: Албанија – Белорусија и Унгарија – Хрватска.

Во групата А прва е Летонија со 9 бодови, Австрија има 6, Македонија 3, а Косово е последен без бод.

Во Б групата Хрватска е прва со 9 бодови, пред Белорусија со 6, Албанија има 3, а Унгарија е последна без бод.