Одбојкарите ја темпираат формата

278

Македонската одбојкарска репрезентација во недела во СРЦ „Кале“ го игра вториот домашен дуел од групата А од Сребрената Европска лига. Ривал ни е селекцијата на Летонија која е лидер во нашата група. На првиот дуел на гости Македонија беше поразена со 3:0.

  • Наша цел е подготвени да бидеме на завршниот турнир на кој сме домаќини на 15 и 16.јуни. Видливо е дека од натпревар во натпревар ја креваме формата. Иако имаме мали проблеми, мислам дека е според планот и добро е што и атмосферата е добра, изјави на денешниот прес селекторот на Македонија, Љубомир Травица.

По пауза од повеќе од еден месец на последните два дуела за Македонија настапија и Александар Љафтов и Ѓорѓи Ѓорѓиев.

  • Секој следен натпревар играме се подобро. Јас и Љафтов сме некаде 70-80% подготвени и сметам дека за фајнл фор турнирот ќе бидеме 100%, изјави Ѓорѓи Ѓорѓиев.

Натпреварот Македонија – Летонија се игра во недела на 3.јуни во СРЦ Кале со почеток во 20:15 часот.

Во вториот дуел од нашата група во сабота Австрија е домаќин на Косово. Лидер на табелата е Летонија со 12 бода, пред Австрија со 9, Македонија има 3, а Косово е без бод.