Одбиена визата на Ѓоковиќ, следува депортација!?

По повеќедневна сага и одложување на одлуката, министерот за имиграција на Австралија, Алекс Хокс одби да му одобри виза и настап на Новак Ѓоковиќ на Австралијан Опен.

Ова не значи автоматска депортација бидејќи тимот на српскиот тенисер има право на жалба, но прашање е дали може да се смени нешто во последен момент.

„Го искористив своето овластување од Законот за имиграција да ја поништам визата што ја имаше Ѓоковиќ. Од причини за здравството и добриот ред, се во јавен интерес“, изјави, меѓу другото, Хок.

Австралијан Опен почнува в недела по полноќ по средноевропско време. Адвокатите на Ѓоковиќ веќе имаат подготвена жалба на оваа одлука.