Од толку гиганти во европскиот спорт, најголем кошмар за Реал е – ЦСКА

Помина половина од сезоната и Реал Мадрид одигра натпревари со најголемиот дел од екипите во фудбал и сите можни ривали во кошарка.

Излезе дека покрај Барселона, Атлетико, Рома во фудбалскиот дел и Фенербахче, Барселона и останатите во кошаркарскиот, најмногу проблеми на „кралскиот клуб“ му направи ЦСКА Москва. Во фудбалската Лига на шампиони рускиот тим два пати го победи Реал при што вториот триумф на „Бернабе“ беше историски затоа што тоа е најтежок пораз на овој клуб на домашен терен во елитното натпреварување во неговата историја.

Исто е и во кошаркарската Евролига каде пред два дена Реал го претрпе и вториот пораз, сега на гости. Ова значи дека Спортското друштво ЦСКА оваа сезона има 4-0 против Спортското друштво Реал. Ниеден друг клуб нема таков биланс против мадридскиот гигант оваа сезона.