Од судбината не се бега: Кјелини и на последниот натпревар за Јуве со скршена глава

Џорџо Кјелини низ текот на целата своја кариера беше познат по тоа што е бескомпромисен борец кој не се плаши да влезе во дуел со кого било и да оди на топка, без разлика во каква ситуација се наоѓа.

Навивачите на Јувентус го памтат по „чалмите“ што ги носеше како последица на пожртвуваните стартови.

Од судбината не успеа да избега ни вечерва, на последниот меч во дресот на Јувентус. При еден дуел, пукна главата на Кјелини на натпреварот против Фиорентина, па на полувремето тој остана во соблекувална и на негово место влезе Ругани.