Од следната сезона Формула 1 го добива првиот кинески возач

Гуанју Жу од следната сезона ќе вози за Алфа Ромео и со тоа ќе стане првиот кинески возач во Формула 1, објави швајцарската екипа.

Тој во моментов е тест возач за екипата на Рено, Алпине, а се натпреварува и во Формула 2, каде е втор во генералниот пласман на две трки до крајот на сезоната. Негов тимски колега ќе биде Финецот Валтери Ботас, кој пристигнува во Алфа Ромео по пет години минати во Мерцедес.

„Од мал сонував да се искачам во овој спорт најмногу што можам и сега тие соништа се остваруваат. Да се биде првиот кинески возач во Формула 1 е голем напредок за историјата на кинескиот мотоспорт“, истакна Гуанју Жу.