Од Серија А најавуваат: Правиме напори да се игра фудбал, има потенцијални датуми

КОВИД19 целосно го закочи спортот и сите останати случувања во светот.

Навивачите се прашуваат дали првенствата во фудбал ќе се одиграат до крај, а по прашање околу тоа дали во Италија ќе се доигра сезоната, одговараше, претседателот на италијанската федерација Габриел Гравина.

Не би сакал да губам надеж, ќе дадам се од себе за првенството биде одиграно до крај. Се уште е рано мислам да се зборува за одредени датуми кога би продолжил фудбалот, но сепак треба да се мисли позитивно по тоа прашање“.

„Ние како федерација ќе дадеме се од себе, ќе се обидеме да играме дури иако треба да се бара поддршка од најсилните институции, Фифа и Уефа. Натпреварите може да се организираат по 30 јуни и летото да имаме фудбал во сите првенства“, рече Гравина.