Од Ред Бул удрија по ФИА: Мерцедес е секогаш заштитената страна!

Еден од главните советници на Ред Бул, Хелмут Марко, смета дека стјуардите на ФИА секогаш го штитат Мерцедес кога има нејасни ситуации на патеките.

Себастијан Фетел кој победи на трката во Канада минатиот викенд, по трката автоматски ја загуби победата на зелена маса, пред се поради одлуката на стјуардите на ФИА, да го санкционираат германскиот возач поради излетувањето од патеката и несовесно враќање на истата, со што му го земал правецот на Луис Хамилтон.

Со таквата одлука Фетел не успеа да се помири, а нешто идентично смета и Хелмут Марко.

Себастијан не стори ништо погрешно, тој едноставно сакаше да се врати само на патеката. Хамилтон имаше две опции, да го помине или да запре. Казната за Фетел беше крајно некоректна која остави лош понатамошен вкус на она што беше одлучено од администрацијата на ФИА. Правилата мора под итно да се променат, Мерцедес како да е заштитен од ФИА во повеќето случаи“, констатира Марко.