Од Ред Бул го обвинија Хамилтон дека ги измислил повредите по страшниот судир

Советникот на тимот на Ред Бул во Формула 1, Хелмут Марко, го обвини Луис Хамилтон и неговиот тим Мерцедес дека ги измислиле повредите кои седумкратниот шампион наводно ги доживеал во судирот со Макс Ферстапен за време на трката за Големата награда на Италија.

За потсетување, неделната трка на Монца беше одбележана од судирот на двајцата водечки возачи во шампионатот. Тоа се случи во 26-тиот круг кога Ферстапен слета на болидот на Хамилтон и така направи судир поради кој двајцата ја завршија трката предвреме.

Марко тврди дека Хамилтон и Мерцедес претерале со своите приказни за она што се случило.

„Тоа беше сосема вообичаена несреќа за време на тркањето, од Мерцедес преувеличуваат што се случи. Ферстапен веќе го заобиколи Хамилтон кој се обиде да се извлече. Лекарите се видоа и веќе се тргнаа кога започна претставата дека Хамилтон одеднаш е повреден“, вели советникот на Ред Бул.

Хамилтон најави дека ќе замине на специјалистички преглед за да биде сигурен во својот настап на престојната Голема награда на Русија. Голем број медиуми пишуваат дека повредата на вратот, која тврди дека ја здобил во несреќата, не го спречила да се појави на настанот во Њујорк во друштво на моделот Џенет Гузман.