Од Минхен продолжуваат да го откриваат валканиот веш, Левандовски повторно е мета

Полскиот напаѓач летово го напушти Баерн и се пресели во Барселона, но во Германија се чини дека не можат да се помират со загубата на најголемата ѕвезда во Бундеслигата, па се трудат да напишат и кажат што повеќе лоши работи за него.

Очигледно Роберт Левандовски не бил баш најпопуларен во тимот на Баерн. Така барем мисли „Спорт Билд“ кој известува за конфликтот меѓу Полјакот и Лерој Сане.

Исто така, во овој текст на името на Левандовски е прикачен епитетот „себичен“.

Се шпекулираше дека Левандовски не е во најдобри односи со тренерот Јулијан Нагелсман. Но, се покажа дека и тој не се согласува со некои од играчите.

„Полјакот не беше толку популарен во соблекувалната како што изгледаше на теренот. Се шпекулира дека Левандовски не уживал во најдобрата репутација и дека го гледале како себичен“.

Кристијан Фалк, новинар на „Билд“ откри дека Полјакот бил во конфликт со Сане. Постојат многу претпоставки дека внатрешниот конфликт влијаел на флуктуациите во формата на германскиот репрезентативец. Фалк дури го цитираше поранешниот играч на Баерн.

„Искусив многу себични играчи во Баерн. И секогаш мислев дека Арјен Робен е најголемиот егоист, но потоа се појави Роберт Левандовски“, го цитира новинарот.

Како и да е, Левандовски е минатото на Баерн, а сегашноста и иднината на Барселона, каде што се уште се вклопува.

Досега има постигнато еден гол во Гампер купот против Пумас (6:0), додека синоќа не им помогна на соиграчите на стартот од Ла Лига со оглед на тоа што ремизираа 0:0 против Рајо Ваљекано.