Од лошо – полошо: Лејкерс загуби од Клиперс, Леброн го има најкомичниот момент на средбата

Очигледно дека работите не функционираат во таборот на „езерџиите“, тие минатата ноќ беа поразени од градскиот ривал Клиперс со 105:113, а од ден во ден, тие се, се подалеку од пласман во плеј офот.

Лејкерси повторно одиграа еден половично добар натпревар, иако имаа добар почеток, по првата четвртина водеа со 34:26.

Потоа до крајот на последната четвртина, Лејкерс беше постојано во негатива, па не успејаа до крајот да го победат Клиперс.

Колку лоша координација имаат играчите на Лејкерс во играта, сведочи и видеото каде Кузма од Лејкерс го турка Леброн да му прави блок на противникот во обид за три поени.