Од каде го најде него и баш таму: Ѓоковиќ тренира за ОИ со некогашниот НБА фраер!

Првиот светски рекет ги почна подготовките за Олимписките игри во Токио, каде како што самиот истакна, оди по злато за Србија.

Тој деновиве гостува во Црна Гора, каде ужива во преубавите плажи и приморјето, но и се подготвува и ја бруси својата форма за она што му следува.

Деновиве тој е во которскиот залив, тренира заедно со ни повеќе ни помалку, туку со поранешниот НБА кошаркар од Србија, Марко Јариќ.

Јариќ оддржа тренинг со Ѓоковиќ, бидејки тој и по крајот на кариерата интензивно тренира и остана во полето на спортот.

Новак Ѓоковиќ е главен фаворит за златен медал, кој досега никогаш го нема освоено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko (@marko_jaric10)