Од херој до омразена личност: Плакетата на Гризман во Мадрид е корпа за ѓубре

Навивачите на Атлетико Мадрид почнуваат да се навикнуваат на живот без Антоан Гризман.

Фантастичниот Французин ова лето ги напушти „Јорганџиите“ и потпиша за Барселона, а во очите на навивачите на мадридскиот клуб стана омразен играч, пред се поради начинот на кој си замина, иако минатото лето беше херој откако во последен момент ја откачи Барса за да остане во Атлетико во најтешките моменти за клубот.

Дека на Гризман навивачите тешко ќе му го простат она што го направи летово покажува и фактот што направија пред првиот првенствен натпревар во новата сезона.

Додека спомен-плочите на останатите играчи пред стадионот „Ванда Метрополитано“ беа чисти, онаа на Гризман беше најлесно да се забележи бидејќи изгледаше како корпа за отпад.

Имено, Атлетико на спомен-плочата посветена на францускиот фудбалер фрлаа лименки, кесички од чипс и останати отпадоци.