Од Фулам потврдија: Имаме двајца позитивни на Ковид19

Серијата тестирања против Ковид19 продолжува во Премиер лигата, но и во Чемпиошип дивизијата и останатите пониски натпреварувања во Англија, а непосредно пред стартот или доигрувањето на тековната сезона, доаѓаат негативни тестови.

Откако беше спроведена т.н втора рунда на тестирање низ англиските првенства, утврдени беа уште неколку играчи дека се позитивни на вирусот кој го раздрма светот.

Од „Кревен Котиџ“ потврдија дека во нивниот тим имаат двајца членови се позитивни и дека тие веднаш превентивно се испратени во самоизолација.

Не е потврдено дали станува збор за фудбалери или за луѓе од стручниот штаб, но сторено е тоа што мора да го направат, да ги испратат во самоизолација.

Премиер лигата вчера и Чемпионшип дивизијата во која во моментов е Фулам, добија зелено светло за рестарт по 17 јуни.