Од Ферари јасни: Макс е виновен, но нема да се жалиме!

Првиот човек или „принципалот“ на Ферари, Матијас Биното, верува дека Макс Ферстапен е виновен од два аспекти на вчерашната трка во Австрија, каде во самиот финиш придонесе за драматична победа.

Ферстапен на два круга пред крајот на трката, направи маневр кој му донесе победа, а во него имаше спорен детал при претекнувањето, по што ФИА ги повика двете страни по трката на соочување и дебата која траеше 2 часа по која донесоа конечна одлука.

Ферстапен не беше казнет од ФИА и победата си ја задржа, а Биното тоа го искоментира на еден специфичен начин.

Согласен сум дека требаше да им отстапиме простор за тркање, но некои работи мора да се променат во иднина околу тоа. Актуелната ситуација со правилата не дозволува акција. Фановите добија тоа што посакуваа, атрактивна трка и борба до самиот крај за позиција повеќе. Но Леклер беше истуркан од патеката. Во Канада победата требаше да биде наша, а оваа одлука сега е погрешна, но ние ќе ја прифатиме целосно. Честитки до Ферстапен, имаше фантастична трка, ние имаме простор за жалба, но нема да го направиме тоа“, порача Биното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Ф1 палавковци: Незгодно за Сајнц – Рикиардо со крајно прецизен удар на болното место

ВИДЕО: По инцидентот меѓу Фетел и Верстапен – нај-моментот го има еден механичар!

Хамилтон ја одбрани Британија, дојде на 11 победи од Шумахер

Во Ферари очекувано незадоволни од Фетел: Не сме задоволни, можеше подобро!

Тод: Веќе ништо не е исто со Михаел Шумахер!

Леклер најавува дека ќе биде уште поагресивен на трките

Ма каков Хамилтон, Ред Бул го има најдобриот возач во моментов

(ВИДЕО) Страшен пад на возачот на Дукати: Петручи при 160 на час изгуби контрола

Доколку Фетел догодина им каже „Чао рагаци“ на Ферари – ова се двете желби на „црвените“