Од Египет доаѓа и првото незадоволство: Ова не е Мундијал, ова е пародија!

Вчера стартуваше ракометниот Мундијал во Египет, а веќе се појавува првото незадоволство кај одреден дел од учесниците.

Имено, Сандер Сагосен, ракометарот на Кил и норвешки репрезентативец, смета дека сето ова му изгледа на една голема шега, сметајки дека нема соодветни услови за еден ракометен Мундијал, поготово со присутната пандемија Ковид19, поради која веќе неколку селекции го откажаа учеството.

Причина за незадоволство е тоа што тој смета дека не се работи доволно да се избегне ширењето на Ковид19.

Ова е пародија и се ми се чини како една голема шега. Не знам дали можеме ова да го наречеме балон. Луѓето влегуваат и излегуваат без маски, сите како еден. Од се што претходно ни беше ветувано, ништо не е контролирано, едноставно, овде е како на дивиот запад, можеме да ги прекрстиме прстите и да се надеваме дека нема сите да се испозаразиме“, порача Сагосен.