Од Алпине доста сигурни: Догодина го произведуваме најмоќниот Ф1 болид во новата ера

Извршниот директор на Алпине Ф1, Лорен Роси, признава дека нивниот А521 болид во голема мера ги достигнува границите на големите и истакна дека ново преиуменуваната екипа ќе испорача најдобар болид за новата Ф1 ера која ќе започне следната сезона.

Со оглед на тоа дека многу ресурси се вложени во новите болиди од новата ера како што рече Роси, тие очекуваат да имаат моќен болид.

Дојдовме до крајот со работата на болидот. Значи, ќе извлечеме максимум од него, ќе го подесиме убаво, а во меѓувреме ќе се осигураме дека го правиме најдобриот болид кој некогаш бил присутен во следната ера“, уверено тврди Роси.

Роси е именуван за извршен директор на Алпине (Рено), а во оваа екипа неодамна се придружи и познатото име, поранешниот шеф од Сузуки (Мото ГП), Давид Бривио, кој како тркачки директор работи заедно со извршниот директор Марсино Будковски.