Очекувано сценарио: Јунајтед почна да се откажува од Роналдо!

Раководството на Манчестер Јунајтед, наводно, одлучило да го продаде Кристијано Роналдо во летниот преоден рок откако тој не се појави на тренинзите на екипата во првите три дена од почетокот на подготовките.

Единствената дилема во моментов е дали е некој подготвен да ги исполни финансиските бара на клубот. В петок Јунајтед патува на Далечниот исток, а на 12 јули се среќава со Ливерпул во Бангкок и извесно е дека Португалецот нема да биде во авионот.

Засега е познато дека неколку клубови се заинтересирани за неговиот потпис, но ниеден од нив не доставил конкретна понуда за трансфер.