Реал Мадрид вечерва ќе ја стартува новата сезона, со мечот од УЕФА Суперкупот против Аталанта, а скоро сигурно деби ќе забележи и засилувањето Килиан Мбапе.
Тој за прв пат ќе го облече дресот на „кралевите“ и тоа ќе биде атракција за сите нивни навивачи. За него зборуваше и тренерот на Реал Мадрид, истакна дека францускиот фудбалер е во добра форма и дека во клубот се задоволни од него.
– Мбапе е во добра форма, како и сите момци. Немавме многу време да тренираме, но изгледаме добро, Килиан можам да кажам дека добро се снајде. Сите имаат шанса да заиграат. Мбапе добро се прилагоди, фокусиран е на тренинзите, има посебна мотивација и напорно тренира. Покажува дека има неверојатен квалитет и темперамент.
– Со нетрпение чекаме да почне мечот со Аталанта, играме за првиот трофеј сезонава. Сакаме силно да ја почнеме сезоната, свесни сме дека на овој натпревар сме фаворити. Мотивирани ќе играме за уште еден трофеј, порача Анчелоти.