Очекувањата на Англија – Хари Кејн потенцира кое би било разочарувањето за нив

Капитенот на англиската репрезентација, Хари Кејн, истакна дека неговиот тим мора да биде потполно сконцентриран на мечот против Шкотска, со цел да обезбедат пласман во осминафинале што побрзо.

Англија и Шкотска се среќаваат вечерва од 21 часот на стадионот „Вембли“, во рамките на 2-ро коло од групата Д.

Ќе биде тежок натпревар, многу се зборува за тоа. Ова е втор натпревар кој го играме на овој турнир, фокусот мора да остане највисоко на нашата агенда, ќе сториме се за да победиме. Би било добро да обезбедиме следна фаза веќе по две кола“.

„Доколку не успееме да стигнеме барем до полуфиналето на ова Европско првенство, ќе бидеме разочарани“, истакна Хари Кејн.

Англија по воведната победа против Хрватска (1:0), влегува како фаворит во овој натпревар.