Одбојкарите на Македонија вечерва беа поразени од репрезентацијата на Чешка, очекувано со 3:0 во сетови.
Чешката репрезентација уште на почетокот покажа дека овде планира на победата и не и остави премногу простор на Македонија за игра, па тоа резултираше со нивна убедлива победа.
Првиот сет го добија со 25:19, вториот беше најтесен со 25:23, сет во кој Македонија имаше најдобри шанси да дојде до 1:1, а последниот Чешка го доби со 25:17, па ја комплетираа убедливата победа.
Најефикасен поединец во македонскиот табор беше Никола Ѓорѓиев со 16 поени, кај победничката страна фантастичниот Вашина беше најдобар со 19 поени.
Следна дестинација за македонските одбојкари ќе биде Бари, Италија, каде ќе гостуваат на домаќинот Италија.