Очајно второ полувреме на Металург за нов пораз во ЛШ

Ракометарите на Металург, вечерва повторно се поразени во рамките на Лигата на шампиони од екипата на Спортинг Лисабон со 24:31.

Иако можеше да се види добра игра на одредени моменти на почеток од средбата, сепак до крајот не така искусниот состав на Брестовац не издржа пред поквалитетниот Спортинг.

Момците од Автокоманда имаа еден гол предност на полувреме, одлична реализација и се што треба за да се добие еден натпревар, но неверојатниот пад и недоволна концентрација во вториот дел, им го уништи натпреварот.

Првиот дел заврши со предност од 18:17, додека вкупно гледајки, во вторите 30 минути, Металург постигна само 6 голови додека противникот 14 и тука беше решен натпреварот.

Димитар Димитриоски беше најефикасен со 5 голови, а голманот Томовски одличен со 14 интервенции, но и тоа севкупно не беше доволно за победа.

Тимот на Металург следно коло гостува во Турција, кај Бешикташ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Франција извлече ас од ракавот – Карабатиќ од утре на теренот!

Душебајев: Добро знам која е Македонија – сите си мислат ќе биде лесно, ама нема да е така

ВИДЕО: Како беше пред две години против Шпанија: Еуфорија, цепелини… но немаше резултат на крај!

Голема вест од Македонија за Гоце Георгиевски во Германија

Горгиевски: Почетокот на СП е очекуван и според планот

Вечерва правдата на Македонија против Шпанија ќе ја дели Салах

Кире Лазаров: Кај секој поединец од нас треба да проработи инатот

Србија со деби триумф на Мундијалот – соседите мораа да прават пресврт против Кореја

ФОТО: Ивано Балиќ со една реченица предизвика еуфорија – Хрватите помислија дека прави кам-бек!