Oчајниот викенд не му е најголемата грижа – Фетел пред казна од ФИА

Себастијан Фетел повторно имаше ужасен викенд на една ГП трка, овој пат во Монца.

Тој во обидот да не го загуби чекорот со водечката четворка, успеа да се преврте и да предизвика опасна ситуација по која се изродија и неколку мали инциденти по кои возачите заработија казни.

Поради неговото небезбедно излегување на патеката, во шиканата „Аскари“, се судри малку со Ленс Строл, по што го оштети предниот дел од болидот, па мораше во бокс и сам себе се уништи со тоа што и оправдано доби 10 секунди како пенал во боксот неколку круга подоцна.

Но тоа не е се, тој сега мора да стравува од ФИА, која разгледува можност да го казни на една од следните трки со тоа што нема да му дозволи да настапи.

Тој доби казна од 3 казнети поени, а доколку дојде до 12 казнени поени, ќе биде исклучен од една трка.