Како што се шпекулираше во медиумите, Дилета Леота е во врска со германскиот голман Лорис Кариус, а денеска за прв пат се видени заедно.
Најпознатиот спортски новинар во светот го освои срцето на поранешниот голман на Ливерпул. За тоа пишуваа бројни медиуми, но потврдата стигна дури вечерва, откако протекоа фотографиите на кои тие се гледаат заедно.
Прво уживаа во прошетката низ улиците на Милано, а потоа беа фотографирани за време на романтична вечера во Милано. Имаше држење за рака, бакнежи…
Кариус моментално е во Њукасл како замена за Ник Поуп, додека Дилета е сè уште вработена во DAZN и известува од стадионите на кои се играат натпреварите во Серија А. Последен пат е видена во Бергамо на натпреварот меѓу Аталанта и Наполи.
Кариус е некако изненадувачки изборот на Дилета. Заборавивме на него, а извесен период беше во центарот на вниманието, пред се поради грешките кои ги направи пред неколку години и кои го спречија неговиот Ливерпул да го освои трофејот во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.