Њукасл го доведе голманот кој го сруши рекордот во англиската репрезентација

30 годишниот англиски голман Ник Поуп, кариерата ја продолжува во Њукасл. Клубот го потврди трансферот кој е вреден 10 милиони фунти.

Поуп доаѓа од таборот на Барнли, за кои играше од 2016 година. Претходно настапуваше во Чарлтон, од каде го испраќаа по разни позајмици.

За англиската репрезентација има дебитирано во 2018 година, а на почетокот од оваа година, стана првиот голман во историјата на Англија, кој во првите 6 натпревари не прими ниту еден гол.

Поуп е втор трансфер за Њукасл за идната сезона. Претходно потпиша левиот бек Мат Таргет од Астон Вила за 15 милиони фунти.