Новиот центар на кошаркарскиот клуб Партизан, Бруно Кабокло, ја гледал репризата на гостувањето на Партизан во Минхен и смета дека не е задоволен од неговиот деби настап.
Некогашниот НБА играч со 19 поени беше најсветла точка во таборот на „црно-белите“, но и понатаму верува дека не одиграл според очекувањата.
– Одиграв добар прв натпревар, се повеќе ја разбирам играта на тренерот. Успеав да одиграм 20 минути против Баерн и тоа ми значеше многу. Не сакам да се жалам, но немаме многу време за одмор, но подготвен сум да дадам се од себе на следниот натпревар“.
–Ја гледав репризата против Баерн Минхен, имав добар број на поени, но и доста грешки, не бев така добар каков што мислам дека ќе сум, но се надевам дека ќе биде подобро на следните натпревари, истакна Кабокло.
Бразилецот веќе вечерва ќе има можност пред белградската публика да покаже зошто е ангажиран и да ги импресионира навивачите во Арена од 20:45 часот, против екипата на Алба Берлин.