Новогодишен турнир во мал фудбал Есперо Гевгелија – резултати од прв натпреварувачки ден

Денеска беше прв натпреварувачки ден на турнирот во мал фудбал Есперо Гевгелија.

На програмата вечерва беа два натпревари, Сахи Транс против Живинарска фарма Стокол, натпреварот заврши 1:3, додека на вториот натпревар помеѓу Баламов Компани и Ишљамка, победата ја однесе Баламов Компани со 8:1.

За утревечер на натпреварувачката програма се три натпревари:

Од 18 часот (јуниори) Ин Трејд – Млаз Инженеринг
од 18 45 Алупласт Васил Јосифово – Чалакли
Од 19 45 Жак Транс (Долни Дисан) – Гевгелија