Новиот Ливерпул: Јунајтед може да чека и 20 години на нова титула!

Прославениот велшки фудбалер Рајан Гигс е песимист кога станува збор за шансите на неговиот поранешен клуб да ја врати старата слава во англискиот фудбал.

Манчестер Јунајтед е без титула во Премиер лигата од 2013 година, а како што стојат работите и натаму ќе биде во сенка на Сити, Ливерпул, па и Челси и Тотенхем. Под водство на Алекс Фергусон, тимот освои 13 титули во Премиер лигата, но потоа дојде до криза која се уште трае.

„На новата титула би можеле да чекаат и 15-20 години, особено ако Клоп и Гвардиола останат во лигата. Тие имаат ресурси и играчи. И Ливерпул по претходната титула во 1990 година мислеше дека многу брзо ќе освои нова, па чекаше три децении, дури и Клоп успеа по 4,5 години да дојде до трофејот“, смета Гигс.

И покрај седумгодишниот пост, Јунајтед и натаму е најтрофеен клуб во Англија, но сега со само една титула повеќе од Ливерпул.