Новиот капитен на Барса дојде во домот на Меси: Никој не верува дека навистина е крај

Лионел Меси повеќе не е играч на Барселона и својата кариера ќе ја продолжи во некој друг клуб.

Каталонскиот клуб вчера го шокираше светот со објавата дека Меси нема да ја продолжи кариерата со Барселона и Аргентинецот по првпат во кариерата ќе облече дрес на некој друг клуб.

Навивачите на Барса се во шок. Останаа без човекот кој им ги донесе најголемите радости, а и играчите на каталонскиот тим не можат да веруваат дека Меси повеќе нема да биде покрај нив.

Со заминувањето на Меси нов капитен на екипата ќе стане Серхио Бускетс, а токму новиот капитен денес одлучи да го посети Меси.

„Се обидувам да ги разберам работите што се случија и колку тешко ќе биде, но можам само да ти се заблагодарам за сето она што го направи за овој клуб и сите оние кои те придружуваа изминативе години, особено јас. Дојде како дете и стана еден од најдобрите во историјата, притоа му помогна на клубот да се искачи на најголемите височини и да направиш историја, како индивидуална, така и колективна. Секогаш ќе можам да кажам дека сум играл и сум споделил многу моменти со тебе, повеќето беа добри и имав среќа што играв со тебе 13 сезони. Не само тоа, развивме пријателство, ќе ми недостасуваш многу. Можам само да ти посакам се најдобро, на тебе и твоето семејство, го заслужувате тоа. Ќе ни недостасуваш на сите“, напиша Бускетс.

Наскоро веројатно ќе се огласи и самиот Меси кој и самиот е шокиран и изненаден откако клубот објави дека соработката со него нема да биде продолжена.