Новинарите го прашаа Ѓоковиќ дали е за бојкот на Вимблдон – тој даде одговор

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ, се врати во вистинска форма на турнирот во Рим и го освои, па си даде одлична увертира пред почетокот на Ролан Гарос.

Српскиот ас на пресконференцијата доби низа интересни прашања, меѓу кои и тоа дали би го бојкотирал Вимблдон годинава.

Да се бојкотира Вимблдон, е преагресивен чин. Постојат повеќе решенија за оваа ситуација и верувам дека тоа може да го насочиме кон тоа. По разговорот со играчите кои се вклучени во преговорите со Вимблдон, делува дека нема многу простор за промени“.

Српскиот тенисер не сакаѓе да биде во „конфликтен тон“ со новинарите, па објасни дека се почитува како мислење.

Јас се обидувам во животот да почитувам секое мислење, па и да покажете дека топката е зелена, нема да кажат 100 луѓе дека топката е жолта, ќе има и такви кои ќе речат дека топчето е сепак зелено“, порача Ѓоковиќ.