Новинар на француската Канал + шпекулира за можен голем трансфер на релација Ливерпул – Мадрид

Новинар од француската телевизија Канал + изнел интересна информација на неколку недели пред отварањето на летниот трансфер периодот.

Првенствата ширум Европа полека привршуваат, па доаѓа време за летно проветрување, а некаде и детално реновирање.

Но она што го изнесе како информација Филипе Карајон, е доста атрактивно и би било сензационален трансфер доколку се оствари.

Карајон тврди дека Реал Мадрид стапил во неофицијален контакт со фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, да се распраша за можен трансфер.

Од тоа се уште нема никакви цврсти докази и индикации, но доколку ова по се, се оствари, тоа ќе биде неверојатна трансфер приказна ова лето.