Нови проблеми за Франција, ѕвездата на Баерн го напушти тренингот

Продолжуваат проблемите со повредите за фудбалската репрезентација на Франција на Светското првенство во Катар, со нова повреда поврзана со Кингсли Коман. Според „Л’Екип“, 26-годишниот фудбалер на Баерн Минхен го напуштил последниот тренинг на француската репрезентација. Станува збор за повреда на мускулот, а се уште не се знае колку е тешка и дали ова е навистина нов голем удар за актуелниот светски шампион.

Франција на првенството дојде без голем број многу важни играчи. Поради повреди ова првенство мораа да го откажат Бензема, Нкунку, Канте, Погба и Кимпембе, а на првиот меч се повреди крилото Лукас Ернандез. Во победата од 4:1 против Австралија, Лукас Ернандез мораше да го напушти теренот во 13. минута поради повреда која не само што го заврши настапот во Катар, туку и ја заврши целата сезона. Во второто коло од групата Д, Франција во сабота ќе игра против Данска, а натпреварот почнува од 17 часот.