Нови момци газат во Ф1: Норис сензационално на пол, Ферари уште поизненадувачки на 2. позиција

Квалификациите за ГН на Русија, на патеката во Сочи поминаа во доста изненадувачки резултат, откако Ландо Норис ја освои пол-позицијата.

Во неповолните услови кои владеат денеска на патеката во Сочи, возачот на Мекларен успеа да извоза најбрз круг и да ја освои сензационално пред конкуренцијата пол-позицијата.

Несомнено дека кога ги нема големите дечки, тука има и други момци кои го чекаат своето место под сонцето, тоа најдобро го искористи Ландо Норис денеска.

Второпласиран исто така изненадувачки е Карлос Саинц од Ферари, третопласиран е одличниот Џорџ Расел, додека на четвртата позиција ќе биде Луис Хамилтон.

Во топ10 уште има место и за Рикиардо, Алонсо, Ботас, Строл, Перез и Окон.

Како напомена, Макс Верстапен на утрешната трка ќе стартува од последната позиција поради менувањето на погонската единица во неговиот болид.