Нови лоши вести за Конте пред мечевите со Рома и Барселона

Интер викендов славеше против СПАЛ 2:1 и со тој триумф се искачи на лидерската позиција во Серија А, по киксот на Јувентус.

Сепак, Антонио Конте и покрај победата, доби нови главоболки со оглед на тоа дека Роберто Гаљардини се повреди и во 79. минута мораше да го напушти теренот.

Нераѕурите денеска потврдија дека овој играч поради повреда на стаплото ќе биде надвор од теренот некое време, па следната недела ќе оди на дополнителни прегледи.

Конте неколкупати оваа сезона се жалеше на ослабениот ростер, а сега освен повредените Барелја, Санчез, Сенси, се повреди и Гаљардини.

Интер за три дена игра против Рома во рамкит ена Серија А, а затоа ги чека важен меч, па може да се каже и клучен во ЛШ, каде мора да ја победат Барселона на домашен терен.