Новата одлука на организаторот во Австралија, воопшто не му е од корист на Ѓоковиќ

Организаторите на Австралија Опен соопштија дека во понеделник ќе игра горната „половина“ од ждрепката, во која носител беше Новак Ѓоковиќ.

Но сега останува дилема дали на српскиот тенисер ќе му биде дозволено да игра. Но дури и да му биде дозволено, дали ќе успее тој да се подготви доволно добро, бидејки стартува од понеделник, а одлуката за тоа дали ќе игра, ја носат во недела навечер.

Турнирот во Мелбурн почнува од понеделник, а првиот ден ќе игра „горната половина“ од ждрепката во двете конкуренции, нешто што сигурно не му одговара на првиот светски рекет на АТП листата.

Дури ни овде не можеа да му излезат во пресрет на Новак Ѓоковиќ, бидејки дури и да му биде дозволено да игра, тој ќе биде ментално растроен по целата оваа лудница што му ја приредоа и што го тормозат веќе десетина дена.