Новак избега од Србија и отиде во земјата каде има 12.000 заразени!

Со еден од последните летови од САД пред блокадата што ја воведе Доналд Трамп, Новак Ѓоковиќ избега од оваа држава, но кратко престојуваше во татковината.

Марка откри дека последните денови тој е во Шпанија, односно во Марбеља, заедно со неговите браќа Марко и Ѓорѓе. Непознато е дали со него се децата и сопругата Јелена. Според Марка, Ѓоковиќ во Марбеља се подготвува за турнирите на земја, но со оглед на тоа што сезоната е суспендирана најмалку до 8 јуни, ќе остане додека не се поправи ситуацијата во Европа, во врска со корона вирусот.

Нејасно е зошто одлучил да остане токму во Шпанија ако се знае дека оваа држава е четврта најпогодена во светот по бројот на заболени од корона вирусот, по Кина, Италија и Иран. Досега таму се забележани безмалку 12 илјади заразени.